
Прашањето за усогласување на Северна Македонија со ЕУ беше покренато во јавноста откако беше откриено дека земјата била коспонзор на американската резолуција во ОН за Украина.
„Ние застанавме со нашиот стратешки партнер, а тоа се САД, додека ова не беше резолуција на ЕУ, бидејќи коспонзор на американската резолуција е исто така земја членка на ЕУ, а тоа е Унгарија, така што не може да се зборува за усогласена надворешна политика на ЕУ. Нашиот став кога станува збор за усогласена надворешна политика на ЕУ, не треба да има сомнеж дека секогаш ќе бидеме таму бидејќи ја усогласивме нашата надворешна и одбранбена политика заедно со Европската Унија, но во овој случај не беше така. „Застанавме зад резолуцијата и бевме коспонзори на американската резолуција, која е единствена резолуција усвоена од Советот за безбедност, што значи дека е применлива“, рече вечерва Мицкоски, најавувајќи нова инвестиција во енергетиката.