
Не само од ЗНАМ, ВЛЕН секојдневно добива „шамари“ од нивниот газда Мицкоски. Вака на својот Фејсбук профил напиша потпретседателот на ДУИ, Арбр Адеми, броејќи ги, според него, неуспесите во последните седум дена од коалицијата ВАЛЕНТАН!
Целата објава на Арбр Адеми:
Покрај себе, ВЛЕН продолжува да ги омаловажува, навредува и оштетува достигнувањата на Албанците во Северна Македонија.
Не само од ЗНАМ, ВЛЕН секојдневно добива „шамари“ од нивниот газда Мицкоски. Порачаа дека „ќе се вработат стотици и илјадници Албанци“, додека утредента заклучија дека „решенија ќе добијат оние со договори во здравството“. И тие отстапија од ова, бидејќи Мицкоски им порача дека „списоци можете да правите, но работа нема“.
За да ја завршиме неделата, ви ги пренесуваме достигнувањата на ВЛЕН во последните седум дена:
– Јавното претпријатие „Државни патишта“ напредува 16 Македонци – 0 Албанци
– Собранието вработи и унапредува 23 Македонци – 3 Албанци
– Албанскиот министер за социјални политики меѓу десетици кандидати Албанци вработува и Македонци во Тетово
– На заменик министерот за ВЛЕН во Министерството за култура му се одземаат сите овластувања
– На директорот Албанец на Управата за јавни приходи во Тетово му се одземаат овластувањата и му се дава на заменик Македонец.
– Министерот за администрација Горан Минчев го нарекува вицепремиерот „Алиса во земјата на чудата“
– Министерката за финансии, Кочовска вели дека ниту потпишала, ниту ќе потпишува решенија за етнички вработувања.
– Мицкоски го прекорува вицепремиерот на ВЛЕН: „Планови и списоци колку сакаш, но додека сум јас премиер нема да има етнички вработувања“
… и потценувањето продолжува!