
<span>Можеби ќе ве интересира</span>
Наводно, Алонсо веќе бил контактиран од Реал Мадрид, а поставил и одредени барања. Тој сака контрола врз трансфер политиката и креирањето на тимот кој ќе го води.
Шпанецот кој го одведе Баер Леверкузен до историски трофеј врши одлична работа во Германија, а со тоа го привлече вниманието на гигантите. „Кралевите“ будно го следат својот поранешен фудбалер и сакаат да го убедат да ја наследи клупата од Карло Анчелоти кој би можел да замине налето.
Доколку Чаби Алонсо седне на клупата на Реал, две ѕвезди ќе отпаднат од комбинација. Станува збор за Орелиен Чуамени и Ферланд Менди, дуо кое не се вклопува во филозофијата на шпанскиот тренер, открија тамошните медиуми.