Според засега неофицијални информации, приведена е блиска роднина, поточно братучетка на поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој сега е координатор на пратеничката група на СДСМ.
Во очекување сме на повеќе информации од истражните органи за акцијата на Финансиската полиција.
Финансиската полиција ја тресе кумановската фирма Пин Петрол, дознава Press24.
Според наши информации, претресите доаѓаат по сомнеж за проневера на пари кои фирмата била должна да ги исплаќа на Јавното претпријатие за државни патишта.