
Куртулан е Турчин кој може да игра за Македонија и Албанија, а настапуваше за младинските селекции и на двете земји.
Селекторот Благоја Милевски го известил фудбалерот дека ќе биде дел од следниот список.
Се работи за 22-годишен фудбалер кој настапува на десната бековска позиција и потекнува од школата на Фенербахче.
Според информациите на албанскиот новинар Клаудион Реца,Арда Окан Куртулан добил повик да игра за македонската А репрезентација во мартовскиот прозорец.
Засега нема информација за одлуката на фудбалерот, но медиумите во Албанија тврдат дека многу ќе зависи од албанскиот селектор Силвињо, дали и тој ќе го повика Куртлан. Доколку тоа не се случи, големи се шансите тој да го прифати повикот од Македонија.
За Македонија играше за У19 и У21 селекциите, а потоа поради бирократски причини, односно неможноста да добие македонски пасош заигра и за Албанија У21.