
Претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети од митингот во Чаир ја повика владината коалиција ВЛЕН да се откаже од институциите, пренесува ТВ21. Лидерот на фундаменталистите, истовремено, увери дека по ова нема да станат дел од владата, бидејќи според Ахмети е прифатливо ДУИ да оди на предвремени парламентарни избори.
Ахмети предложи предвремени избори да се одржат во октомври, заедно со локалните.
„Како воопшто можеа да помислат да го тргнат албанскиот јазик испран во крв? Срамота! Да се отстрани правичната застапеност. Затоа нашите што се таму нека ги напуштат овие институции. Ние не одиме. Ние не прифаќаме. Прифаќаме само вонредни избори во октомври, заедно со локални избори“, рече меѓу другото Ахмети.
Ахмети му дал задача на Бујар Осман:
„Затоа, шефе на политички штаб – дајте тешки, големи задачи. „Сакам победа од тебе.
Ахмети испрати порака и до ВМРО.