
Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз триумфираше со 2-0 во сетови, односно 6-4 и 6-4 против Марин Чилиќ на стартот на турнирот во Доха.
Алкараз направи брејк уште во првиот гем, но Чилиќ го возврати ударот, по што шпанскиот тенисер повторно стигна до предност во седмиот гем и потоа сервираше успешно до 6-4.
Чилиќ не можеше да му парира на Алкараз ниту во вториот сет, кога Шпанецот во деветтиот гем направи брејк и потоа сервираше за 6-4.