
Како што пренесува Манчестер Ивнинг Њус, се очекува барем 10 фудбалери летоска да заминат од Олд Трафорд.
На продажба ќе одат Маркус Рашфорд, Џејдон Санчо, Антони и Касемиро и со парите добиени од овие зделки ќе се засилува тимот, еден од главните приоритети ќе биде докажан голгетер.
<span>Можеби ќе ве интересира</span>
Според пишувањата на Манчестер Ивнинг Њус, „ѓаволите“ ќе прават чистка летоска и се очекува барем 10 фудбалери да заминат од Олд Трафорд.
На излезна врата можат да се најдат и играчи како голманот Алтај Бајиндир и левиот бек Тајлер Маласија, кој во моментов е позајмен на ПСВ.
Ветераните Џони Еванс и Том Хитон најверојатно ќе стават крај на кариерата, додека пак на Кристијан Ериксен и Виктор Линделоф ќе им биде дозволено да заминат како слободни играчи.