
„Мајлс Луис-Скели дојде во кампот и веднаш покажа дека е нормално да се заљубиш во него. Тој е топ фудбалер и неверојатен човек“, рече Тухел.
А по мечот пофалби за него стигнуваат од сите страни.
<span>Можеби ќе ве интересира</span>
Англија вчера со 2-0 ја победи Албанија, а играч на мечот беше дебитантот Мајлс Луис-Скели кој беше стрелец на првиот гол.
Импресиите од изданието на Луис-Скели не ги криеше ниту селекторот Томас Тухел.
„Луис-Скели едноставно е бестрашен. Има само 18 години. Гледам да се грижам за него најдобро што можам. Знаев дека ќе игра така. Самодовербата која ја има, начинот на кој тренира цела недела и од што го гледам во клубот… ова е само почеток за него“, рече соиграчот од Арсенал и репрезентацијата на Англија, Деклан Рајс.