
„Статистиката зборува сама за себе. Судиите во Шпанија се полоши од тие во европските натпреварувања. Во Европа има помалку контроверзи. Во ЛШ се најдобрите судии од европските земји и висок е квалитетот на нивните одлуки“, кажа Анчелоти.
Реал Мадрид и Манчестер сиит вечерва ќе се соочат во реваншот од Лигата на шампиони (ЛШ), а тренерот Карло Анчелоти искористи шанса да ги критикува судиите.
„Кралевите“ триумфираа на првиот меч против „граѓаните“ со 3-2, а вечерва ќе се обидат да ја зачуваат предноста, додека Анчелоти посочи дека судиите во Шпанија се полоши од тие кои судат во европските натпреварувања.