
Во пресрет на реваншот против Реал Сосиедад во Копа дел Реј, Карло Анчелоти доби прашање за младиот Ендрик, кој оваа сезона има ограничена минутажа.
„Во прашање е големата конкуренција, имаме многу квалитетни фудбалери“ – вели тренерот на „кралевите“.
Стратегот реши уште еднаш да испрати силна порака до сите млади играчи и рече дека во Реал „греењето клупа“ е само дел од процесот преку кој се станува ѕвезда на „Сантијаго Бернабеу“.
„Ако ја погледнете историјата, многу играчи од првиот тим подолго време биле на клупа. Таков беше случајот со Винисиус, со Родриго, со Валверде, со Камавинга… Ако сакате да бидете ѕвезда во Реал, прво треба да се навикнете да ја греете клупата“.
<span>Можеби ќе ве интересира</span>