
Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти повторно зборуваше за судиските одлуки во шпанското првенство, а Италијанецот овој пат тврди дека ВАР-технологијата не треба да има голема улога во светот на фудбалот.
„ВАР-системот одзема многу судиски одлуки. Сметам дека тоа е опасно. ВАР треба да биде тука само за важни одлуки на теренот. ВАР е опасен затоа што некогаш од контекст може да се извадат одредени работи, сметам дека не треба толку многу да се користи“, кажа Анчелоти.
Реал се налути поради одлуките на судијата на мечот против Осасуна кога му беше покажан црвен картон на Џуд Белингам, а потоа и досуден пенал за домаќините.