
<span>Можеби ќе ве интересира</span>
„Топчиите“ изминатиов викенд го именуваа Андреа Берта за нов спортски директор, се верува дека ангажман на напаѓач ќе биде еден од приоритетите во летниот преоден рок а медиумите шпекулираат дека две имиња се одвојуваат – Виктор Гјокереш од Спортинг и Матеус Куња од Вулверхемптон.
Еду во ноември месец се повлече од позицијата спортски директор на Арсенал, па клубот од Северен Лондон почна да разгледува неколку опции за оваа важна функција.
Дејли Мејл пак го спомнува името на Матеус Куња, напаѓач кој му е добро познат на Андреа Берта, кој помогна Бразилецот да потпише во Атлетико Мадрид во 2021 година.
По многу шпекулации, „топчиите“ изминатиов викенд го именуваа Андреа Берта за нов спортски директор.
Матеус Куња, кој има откупна клаузула од 62,5 милиони фунти (околу 75 милиони евра) во последното интервју со Гардијан порача дека подготвен за нов предизвик: „Во јануари не сакав да направам трансфер бидејќи Вулверхемптон се бореше за опстанок. Но јасно до знаење им ставив дека сакам да направам чекор напред, сакам да се борам за титули, за големите работи. Имам потенцијал“.
Тој ќе има полни раце работа во пресрет на летниот преоден рок и се верува дека ангажман на нов напаѓач ќе биде еден од приоритетите.
Арсенал подолго време се поврзува со ангажман на голгетер, а сега со Андреа Берта како спортски директор, две имиња веднаш излегоа во преден план.
Како што пренесува Атлетик, Виктор Гјокереш од Спортинг е при врвот на листата со желби, напаѓачот подолго време е на радарот на Андреа Берта.