
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, преку објава на Фејсбук, го одбележа покојниот претседател Борис Трајковски, 21 година од неговата трагична смрт во авионската несреќа што се случи на 26 февруари 2004 година, во која животот го загубија и членови на неговата делегација.
„Борис Трајковски беше политичар кој, и покрај многуте вонредни околности и предизвици, беше посветен на мирот и стабилноста во Република Северна Македонија и во регионот. Неговата посветеност на соживот и напорите за одржување стабилни демократски процеси се актуелни и денес“, напиша Ахмети.