
Со по еден гол на двете страни се замина и на полувреме.
Eкипата на Баерн Минхен по два натпревари во кои беше поразена од Бохум и одигра реми со Унион Берлин им се врати на победите во германското првенство со триумф над Сент Паули од 3-2.
На останатите средби Хајденхајм го победи Волфсбург со 0-1, Борусија Менхенгладбах со истиот резултат дома го овлада Лајпциг, Вердер беше убедлив кај Кил и славеше со 0-3, додека Хофенхајм и Аугусбург ги поделија бодовите одигрувајќи 1-1.
Резултатот го отвори најдобриот стрелец на домаќините, Хари Кејн кој стрелаше во 17-тата минута од средбата. Гостите го израмнија резултат десетина минути подоцна кога погоди Сад.
Во вториот за Баерн на сцена стапи Лерој Сане кој стрелаше двапати во 53. и 71. минута за триумф на фаворитот. Сент Паули во финишот преку Ритцка само ги постави конечните 3-2.