
Аранжманите за овој уникатен музички перформанс се дело на Пламенка Трајковска. Концертот се одржува со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија, а публиката ќе има можност да ужива во виртуозни изведби кои ги спојуваат богатите традиции на балканската музика со современата класична интерпретација.Во рамките на музичкиот проект „Балканско патување“, гудачкиот квартет предводен од Пламенка Трајковска ќе одржи концерт на 27-ми март, со почеток во 18:30 часот, во галеријата на Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија, Република Бугарија.
На сцената ќе настапат врвни македонски инструменталисти:
- Пламенка Трајковска – виолина;
- Милена Гиевска-Андоновска – виолина;
- Љубица Бошкоска – виола и
- Александра Јаневска – виолончело.