
По успешниот настап во Лигата на нации, пред Македонија сега е голем предизвик и квалификациите за мундијалот во САД, Канада и Мексико.
Прв противник на „црвено-жолтите“ е Лихтенштајн, нашите момци се фаворити, но капитенот Енис Барди вели дека ова ќе мора да го потврдиме на теренот.
„Ова е нов старт за нас, сакаме да ја однесеме Македонија онаму каде што сонуваме и да направиме многу во овој циклус“.
<span>Можеби ќе ве интересира</span>
„Во денешниот модерен фудбал нема фаворити, сите заслужуваат почит и бодовите треба да се заслужат на теренот“ – вели Енис Барди.
Капитенот на Македонија, Енис Барди вели дека во модерниот фудбал нема фаворити, но очекува со максимален пристап да се освојат три бода на гостувањето кај Лихтенштајн.