
„Во Дортмунд треба да одиграме исто како што одигравме денеска. Тие се многу добар тим, но ние веруваме во себе“.
<span>Можеби ќе ве интересира</span>
Барселона со 4-0 ја победи Борусија Дортмунд и на сите им е јасно дека тука работата за полуфинале е завршена, но Ханси Флик не сака да има никакво опуштање па вели дека тие уште не се квалификувани.
„Треба да работиме напорно, да тренираме многу напорно. За време на мечот одигравме добро, го аплициравме нашиот стил на игра. Нашиот менталитет“.
„Многу сум среќен, но можеме да напредуваме во некои делови. Направивме грешки“.
„Никогаш, никогаш не смееме да помислиме дека веќе сме квалификувани. Никогаш не знаете што ќе се случи. Фудбалот е луд спорт“, вели Флик.