
„Македонија е навистина добар тим па ќе мора да одиграме на највисоко ниво. Дали имам непреспиени ноќи? Не, има многу поважни работи од ова“ – вели селекторот на Велс.
Македонија во вторник го пречекува Велс во второто коло во квалификациите за Светското првенство во САД, Канада и Мексико.
Селекторот на Велс, Грег Белами вели дека мора да го прикажат најдоброто од себе против Македонија доколку сакаат позитивен резултат од гостувањето во Скопје.
Со оглед на тоа дека главниот фаворит во нашата група, Белгија подоцна ќе ги стартува квалификациите, во Скопје ќе гледаме дуел на двете водечки репрезентации.
„Ми се допаѓа предизвикот да можам да ја подготвам репрезентацијата за гостување како Македонија. Би сакал да имам шанса да го подготвам тимот и за пресметка со Бразил. Сакам да напредувам, и сакам играчите да напредуваат“.
<span>Можеби ќе ве интересира</span>
Под водство на Грег Белами, Велс не знае за пораз на седум натпревари, но стратегот знае дека нема простор за опуштање.