
За Бензема е најдобар Роналдо, ама бразилската легенда која на почетокот на милениумот блескаше во светскиот фудбал.
Францускиот фудбалер кој настапува за Ал Итихад долги години играше заедно со Кристијано Роналдо, па нему му беше претставена токму изјавата на Португалецот дека е убедливо најдобар. На тоа Бензема даде интересен одговор кој крена прашина.
„Секој има право да мисли што сака. Ако Кристијано смета дека е најдобар, нема биде така. Се тоа е релативно. На пример, за мене најдобар е Роналдо, ама Бразилецот. Не сакам да споредувам играчи, секој има своја приказна“, изјави Бензема.
Карим Бензема е последниот фудбалер во низата кои ја коментираа дебатата за најдобар на сите времиња – „ГОАТ“.