
„Трговските војни не се добри за никого. Во моментов не сме во позиција да преземеме какви било мерки што би можеле да доведат до ескалација за увозниците на автомобили“, изјави министерот Ривс за Sky News, одговарајќи на прашање дали Велика Британија ќе воведе реципрочни царини против САД.
Од друга страна, германскиот министер за економија Роберт Хабек оцени дека воведувањето царини за увезените возила, што вчера го најави американскиот претседател Доналд Трамп, бара одлучен одговор од ЕУ.
„Сега е важно ЕУ силно да одговори на овие царини. Мораме јасно да покажеме дека нема да прифатиме такви мерки без реакција“, рече Хабек, додавајќи дека ЕУ треба да бара решенија преку преговори.
Францускиот министер за финансии Ерик Ломбард рече дека се надева дека ќе разговара со САД за пониски царини „што е можно поскоро“.
„Ова е многу лоша вест и единствено решение засега е Европската унија да ги зголеми царините“, рече Ломбард.
Трамп вчера објави царини од 25 отсто за увезените возила, што ја ескалира глобалната трговска војна и предизвикува критики и закани за одмазднички мерки од американските сојузници, пренесоа британските медиуми.
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен го опиша потегот како „лош за бизнисите, уште полошо за потрошувачите“.