За 12. април беше закажан концертот на „Бијело дугме“ со кој низ светот слават 50. години од постоењето. Но, поради трагедијата во Кочани организаторите и менаџментот на бендот сметаат дека е прерано за концерти па повторната дружба ја презакажаа за 31.мај.
„Бијело дугме“ го одложи концертот во Скопје.
„Токму затоа, заедно со Бијело дугме одлучивме концертот кој требаше да се одржи на 12 април во Скопје, во „Борис Трајковски“, да го презакажеме за 31 мај 2025 година. Сите купени билети остануваат важечки за новиот датум. Ве информираме дека интересот за концертот е огромен и истиот е пред распродавање! Ви благодариме на разбирањето“, велат од продукцијата
Во овие чувствителни моменти, сметаме дека е прерано за концерт, информираат од Прагма продукција.