
„Тео Ернандез ова го прави со гидни и заслужи ваква казна. Шокиран сум што никој во клубот не му кажува што треба да прави, никој не го поправи неговото однесување на теренот. Вториот жолт картон што го доби е апсурд. Тоа не непристоен и неспортски потег, не може да правите такви работи на теренот“, вели Бобан.
Милан синоќа доживеа елиминација од Лигата на шампионите откако одигра 1-1 со Феенорд, а виновникот за тоа е Тео Ернандез кој доби црвен картон.
Милан имаше водство од 1-0 и тотална контрола на играта, се обидуваше да ја зголеми предноста, но тогаш Ернандез доби втор жолт картон поради глумење пенал. По тој момент работите се сменија, Феенорд воспостави рамнотежа, даде гол и на крајот се радуваше. Дури и првиот жолт картон на францускиот бек беше глупост, па легендарниот Звонимир Бобан не се воздржа да го искритикува.