
Скопје, 22 февруари – Струга Трим Лум денеска ќе го пречека Вардар во натпреварот кој важи за 20-та недела од албанската Супер лига. Двата тима пролетната сезона ја започнаа со загуби, па утре ќе гледаат да дојдат до што повеќе бодови.
Струшкиот играч за врска, Бесмир Бојку е оптимист и верува дека трите бода ќе останат во Струга, потенцирајќи дека неговиот тим е подобар од противникот, кој направи значајни засилувања во зимскиот преоден рок.
Мислам дека ни претстои тежок натпревар“. Секако дека направивме целосни подготовки и психолошки и тактички. Се надевам и верувам дека трите бода ќе останат во Струга, а тоа може да послужи како почеток на низа позитивни резултати, кои ќе нè подигнат на табелата и ќе ни овозможат да се бориме за врвот“, изјави Бојку.
Натпреварот меѓу Струга Трим Лум и Вардар се игра утре на градскиот стадион во Струга со почеток во 14 часот.