
Според тоа аактуелниот претседател Едналдо Родригез ќе добие нов мандат.
Славниот бразилски фудбалер, Роналдо се откажа од својата намера да стане претседател на Фудбалскиот сојуз на Бразил.
„Откако ја објавив мојата желба да се кандиддирам за претседател на Фудбалската федерација на Бразил на следните избори, сега и официјално ја повлекувам мојата намера. Кога мнозинството што има право на глас смета дека фудбалот во нашата земја е во добри раце, тогаш моето мислење воопшто не е важно“, порача Роналдо.
Роналдо објави дека се откажува од намерата истакнувајќи дека не добил поддршка од сите 27 членки на земјата.