
ДУИ повторно манипулира со јавното мислење преку „ветинг“ и наводно чистење, а ние сакаме да им помогнеме, велат од ВЛЕН.
Според нив, вистинското прашање останува – Кој го спаси Бујар Османи од судски епилог во случајот „Пациент“?
„Специјалното обвинителство поднесе многу предмети против високи функционери од владата на Никола Груевски, но само еден случај остана нечепнат – случајот „Пациент“. Бујар Османи беше единствениот за кој Специјалното обвинителство соопшти дека има сомнежи и докази за сторено кривично дело, но не е поднесено обвинение.
Зошто сите други случаи завршија на суд, а овој беше мистериозно стопиран? Кој ја повлече кочницата? Дали Бујар Османи им должи пари на Мијалкови или на Заеви? На кого ќе му служи Осман до крајот на животот?
Црната листа се комплетираше со името на најблискиот пријател на Бујар Османи, Артан Грубин. Ова се случи поради посредништвото и спасувањето на Мијалков. Дали случајот „Пациент“ и неговото апсење се поврзани со исти луѓе и иста шема? Дали Артан Груби посредуваше за спас на Бујар Османи?
Бујар Османи беше ослободен од кривична одговорност, но моралната и етичката одговорност ќе му остане до крајот на животот. Затоа, најдобро е тој да одговара за штетите што им ги нанел на граѓаните.
Во периодот додека министер беше Бујар Османи, Јавната здравствена установа – Гинекологија Чаир беше жртва на сериозни злоупотреби. Оваа болница во која се раѓаат нашите деца од Чаир и пошироко, беше предмет на истрага на Специјалното обвинителство. Колку пари се украдени? Колку пациенти останаа без соодветна здравствена поддршка? Колку луѓе ја загубија можноста за подобар третман поради криминалните игри на Осман?
Османи не е само политичар со сомнително минато – тој е директно одговорен за заостанатоста на здравствениот систем! Додека се уништувале медицинските установи, неговите роднини се збогатувале. Која е цената на неговата слобода и кој ја плати?
Време е за вистински „ветинг“, а не за лажна театарска претстава!
ДУИ може да продолжи со празни изјави, но граѓаните бараат одговори! Кој му помогна на Осман да избега од судот? Зошто институциите молчат? Колку долго ќе трае оваа заштита?
Ако ДУИ навистина сака да расчисти, нека почне од Бујар Османи! Време е за одговорност! „Време е за правда“, се вели во одговорот на ВЛЕН.