
Вирџил ван Дајк ги одработува последните месеци од договорот со Ливерпул и може беспари да го напушти Енфилд доколку не биде пронајден компромис.
Дефанзивецот на „црвените“, Вирџил ван Дајк вели дека преговорите за нов договор бележат добар прогрес.
„Има одреден прогрес. Се водат интерни разговори. Ми се допаѓа клубот, ми се допаѓа градот Ливерпул, и ми се допаѓаат навивачите“ – вели Ван Дајк.
Холанѓанецот често е дел од трансфер шпекулациите, но по поразот од Фулам тој излезе со добри вести за навивачите на Ливерпул.