– Тогаш слушнав истрел, девојчето беше убиено од куршумот на Палевски. Го прашав зошто го направи тоа, но тој само ги крена рамениците. Кога ја закопавме се вративме во Десна и тогаш пак го прашав зошто ја уби кога за неа требаше да бараме откуп. Тој рече: „Да помине малку време ќе бараме“, рекол Видевски.Обвинителката Јосифовска го читаше исказот што каратистот Боре Видевски го дал во обвинителството. За Вања, она што е спротивно од минатото сведочење е исказот на Видевски за киднапирањето, зошто во Обвинителството рекол дека Палчо од таткото на девојчето разбрал кое време ќе излезе од дома.
Судењето за убиството на Вања и Панче продолжи денеска во Основен Кривичен суд Скопје. На изминатото рочиште беше сослушуван обвинетиот Боре Видевски кој изјави дека под физичка тортура бил принуден да потпише изјава со која ќе изгледа виновен и дека по тепање со дрвена палка го натерале да каже дека го познаваа таткото на девојчето, а претходно сослушан беше и Велибор Манев кој до детали раскажа како Палчо ладнокрвно ги убил Вања и Панче.
Судот на денешното рочиште не го прифати барањето на првообвинетиот Љупчо Палевски за изземање на обвинителите Жаклина Јосифовска, Ана Стојковиќ и Гаврел Бубевски.