— Matt Desmond (@DisneyScoopGuy) March 22, 2025Тематскиот парк Епкот на Дизни во Орландо, Флорида, се запали, при што густ чад се надвисна во близина на репликата на Ајфеловата кула. Според претставник на Дизниленд, пожарот бил предизвикан од фрижидер кој се запалил.
Сè уште не е познато што го предизвикало запалувањето на фрижидерот. Официјални лица изјавија дека пожарот брзо бил ставен под контрола од страна на противпожарната служба на туристичката надзорна област во Централна Флорида. Павилјонот повторно бил отворен за гостите на тематскиот парк во раните вечерни часови.
Here’s a better video of the fire that broke out in the France Pavilion of EPCOT at Walt Disney World this evening pic.twitter.com/qcyRgKo8Ts
Огромен пожар избувна во тематскиот парк Епкот во Дизниленд, принудувајќи ги посетителите да се евакуираат од местото на пожарот. Густ, црн чад се издигна над паркот.
Фрижидерот бил сместен зад Францускиот павилјон во бекстејџ-зоната. Павилјонот е дел од Светскиот изложбен простор во тематскиот парк Епкот, кој е дел од познатото одморалиште. Пожарот бил брзо изгаснат, а нема повредени.