
Имено, снимка од разговор меѓу Харт и Јокиќ ги освои социјалните мрежи, а се чини дека комичарот успеал да го насмее српскиот кошаркар до солзи.
„Не сакам да те навредам, но мислев дека си нечие дете“, му рекол Никола и прснал од смеење.
Додека Харт постојано му велеше „Не се смеј“, Јокиќ призна дека го прашал својот соиграч чие дете е.
Нивниот разговор предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, а многумина ја исмеваа висинската разлика меѓу комичарот и кошаркарот.
Холивудскиот актер Кевин Харт беше дел од Ол-стар викендот, а до солзи успеа да го насмее Никола Јокиќ, кој дури и му призна дека мисли дека е нечие дете.
На видеото споделено на Твитер се гледа како Харт му се обраќа на Јокиќ, кој потоа признава дека мислел дека е дете поради неговата висина (скоро 160 сантиметри).