
Анис Мехмети израмни личен рекорд во Англија бидејќи денеска го забележа својот 10-ти гол сезонава со дресот на Бристол во Чемпионшип, втората англиска дивизија.
Офанзивниот фудбалер, кој чека покана од селекторот Силвињо за квалификациите за Светското првенство, постигна гол во 11. минута од натпреварот против Стоук, за да и донесе предност на својот тим кој се бори да стане дел од групата репрезентации кои ќе бидат во баражот за пласман во елитата.
ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ВИДЕОТО
10. гол му овозможува на Мехмети да го израмни личниот рекорд по постигнати голови на првенство. Бројот 10 го имаше поставено и во сезоната 2022-2023, но треба да се истакне дека во тоа време имаше постигнато 9 гола со Викомб во англиската трета категорија и 1 со Бристол, на кој му се приклучи на зимскиот трансфер пазар.