Известен бил јавен обвинител за малолетници, по чија насока малолетникот бил задржан во полициска станица.
Седумнаесет годишник синоќа бил затекнат во општина Аеродром со 200 полиетиленски кесички со марихуана.
Денес ќе биде изведен пред судија на претходна постапка.
„По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги“, велат од МВР.