
По напорна работна недела, најпосакуваното нешто што ни треба е одмор за душа и за срце. И токму тоа го носи новата, 26-та епизода од четвртата сезона на обожаваниот музички серијал „На здравје“, која и овој викенд ќе внесе радост, песна и забава во секој дом.Затоа, пуштете го телевизорот, направете си омиленото кафе или точете си чаша добро вино – и дозволете музиката да ве понесе.
„На здравје“ не е само телевизиска програма – тоа е чувство. Тоа е момент кога семејството се собира, кога срцето пее, а мислите патуваат низ убавините на македонската музика. Пееме, играме и славиме – со препознатливата енергија и емоција која ја прави оваа емисија вистински неделен ритуал.На здравје!Со почеток во 20:00 часот на музичката телевизија Балкан Мјузик, емисијата нуди богата содржина исполнета со македонски евергрини, современи хитови и исклучителни настапи од најдобрите музички ѕвезди од земјава и регионот.