Професионалните готвачи од школата FJ Culinary не дозволија гостите да си заминат без да погледнат како се подготвуваат органски оброци со производите од dm марката dmBio, па веднаш по дискусијата се фатија се работа. Двајца од готвачите ги подготвуваа рецептите, додека третиот беше задолжен за презентирање на начинот на подготовка, состојките, но и придобивките кои произлегуваат од јадењето органска храна со проверен квалитет.

Синоќа во одлична атмосфера помина настанот наречен „Вкусна средба со dmBio“, кој во организација на dm се одржа во просториите на FJ Culinary School. Присутните на настанот дознаа нешто повеќе за органската храна и здравиот начин на исхрана, научија како можат да подготват вкусни рецепти со dmBio производи и добија можност да дегустираат неодоливи оброци подготвени од вештите раце на готвачите од FJ Culinary школата.
Вечерта беше заокружена со неформално дружење со тимот од dm и FJ Culinary School, придружено со добра храна и пијалаци.
Добивајте вести на Viber
Голем дел од луѓето сè уште мислат дека органското е недостапно. Но dm со dmBio покажа дека органската храна може да биде и достапна, вкусна и лесна за подготовка”, истакна Симона Коруновска.

Настанот започна со официјално обраќање на претставник од компанијата dm, кој искажа задоволство од бројот на луѓе кои се пријавиле да научат нешто повеќе за органската храна како еден од најпопуларните трендови во исхраната во последните години.

По обраќањето следеше панел-дискусијата на тема „Органска храна: научи, прашај, примени!“ на која се зборуваше за новите сознанија околу органската храна, но и зошто нејзиното консумирање е важно за личното здравје, за природниот еко-систем и за животната средина. Таа беше под модераторство на познатата Маја Лазаревска, која стои зад профилот „Готвиме со Маја“, а во улога на панелисти беа нутриционистите Антонио Велковски и Симона Коруновска, како и лекарот по општа медицина Бојан Трајковски.


Антонио Велковски, истакна дека кога се купува органска храна треба да се внимава таа да е сертифицирана, и да е наведено нејзиното потекло.