
Владата одлучи да постави маржи за 102 групи производи, кои вклучуваат околу 1.000 производи. Бруто профитна маржа од 5% ќе има за осум прехранбени производи: леб, брашно од типот 400 и 500, јајца, млеко, масло за јадење, јогурт и павлака. 10% бруто профитна маржа за 55 производи, вклучувајќи месо и месни производи, шеќер, млечни производи, путер, конзервирано овошје и зеленчук, грав, ориз, тестенини и други. Профитна маржа од 15% е поставена на 39 прехранбени производи и производи за хигиена, вклучувајќи свежо овошје и зеленчук, детергенти, храна за бебиња, средства за хигиена и други.
Донесена и одлука за утврдување на највисоки цени на осум групи основни прехранбени производи во трговијата на големо и трговијата на мало при што како највисока цена се утврдени цените кои што се применувале на 1 февруари 2025 година.Како што соопшти заменик министерот Ристески, анализите на Пазарниот инспекторат покажале дека трговците на големо и мало пресметале бруто профитни маржи од 20 до 25 отсто за продажба на мало, додека 20 до 50 отсто за продажба на големо. Стопанската комора минатата недела побара итна средба со Владата и побараа наместо 1000, да бидат вклучени само 200 производи со оваа мерка./Алсат.мк
Зекирија Хаџиу
Прикажи повеќе