СДС и ДУИ имаа обид, преку своите инсталации во правосудниот систем, да ги штитат споменатите лица кои правеле криминални дела.
Притоа, лицата кои се дел од оваа мрежа се избегани, како Васко Ковачевски, а синот на пратеникот од ДУИ сопственик на Пуцко Петрол, едвај после жалби доби мерка притвор.
Поминува времето во кое се штитеа криминалците, Владата предводена од ВМРО – ДПМНЕ воспоставува ред и работи во корист на граѓаните, стои во соопштението на владејачката партија.
Оваа шема на СДС со години ги крадеше народните пари, а дел од тендерите како еден од многуте во вредност од 22 милиони евра го субвенционирала и самата влада со сума од 15 милиони евра.
СДС и ДУИ кои дозволиле криминал од 167 милиони евра, воедно истиот бил и канцероген.
Со конкретниот тендер за мазут за ТЕЦ Неготино направиле две криминални дела, кражба на народни пари и труење на народот.
СДС и ДУИ додека ја водеа владата, наместо да мислат за граѓаните и нивно подобро утре, а воедно и добро на државата, тие гледале како да крадат, реагираат утрово од ВМРО-ДПМНЕ преку писмено соопштение испратено до медиумите.