Согласно медицинскиот протокол, после 24 часовен престој на клиника и по направени токсиколошки испитувања, се очекува тој утре да биде пуштен на домашно лекување.Вечерва се очекува да пристигнат уште четворица пациенти, кои беа на лекување во Шпанија.
Топло добредојде на Ангел, вториот пациент, кој попладнево пристигна од болницата во Атина му посакаа министрите Таравари и Муцунски.
Му посакуваме брзо закрепнување и добро здравје.