
Откако пред неколку години му беше дијагностициран рак, тој се повлече од професионалниот фудбал и настапуваше во аматерските лиги во Хрватска.
Несреќата се случила синоќа околу 20:15. Учествувале четири автомобили, полицијата потврди дека има двајца починати, а еден од нив е фудбалерот.
Тој во кариерата настапуваше за Динамо Загреб, Монако, Салцбург, Интер Запрешиќ, Шахтер, Славен Белупо… дресот на Хрватска го носеше 15 пати, беше дел и од Европското првенство во 2008 година.
Хрватските медиуми информираат за тешка сообраќајна несреќа која се случила во Карловац во која се повредени три лица, а загинати двајца меѓу кои и фудбалерот Никола Покривач.
<span>Можеби ќе ве интересира</span>