Подготви: Иван ЈосимовскиВо рамките на свеченоста, на големата сцена ќе настапи реномираниот камерен оркестар „Скопски солисти“, а публиката ќе има привилегија да ужива и во извонредниот настап на прочуениот солист, Маестро Борис Трајанов, чие уметничко дело е високо ценето на меѓународната сцена.
Свеченото отворање е само увертира во она што следува: првото издание на Фолк Фест Владимирово, фестивал кој ќе се одржи на 29-ти мај и има за цел да го слави македонскиот фолклор, песна и обичај. Владимирово со ова станува синоним за културен подем во руралните средини – пример како љубовта кон корените може да прерасне во музички и културен симбол за целата земја.

Во духот на традицијата, културата и љубовта кон родното огниште, село Владимирово со гордост најавува големото и свечено отворање на новата фестивалска сала „Ванчо Чавдарски“, кое ќе се одржи на 26-ти април, точно на пладне, со почеток во 12 часот. Овој значаен културен настан го организираат Културниот Центар „Горан Алачки“ и Здружението З.В.И.С., се со цел да ја збогатат музичката сцена во Малешевијата.Истовремено, ќе биде промовирана и слушната химната на село Владимирово. Музиката, аранжманот и продукцијата се дело на еден од најреномираните македонски композитори и музичари – Маестро Горан Алачки. Текстот, полн со емоции и љубов кон татковината, е напишан заеднички од Алачки и Камелија Левенска. Химната ја изведуваат Горан и Ленче Кукиќ, а видеоспотот, снимен во живописниот атар на селото, ги доловува природните убавини и душата на Владимирово – место каде што традицијата живее, а музиката зборува.