
Скај Германија додава дека Чави Симонс сака да направи значаен скок во кариерата и нема да ја промени средината доколку не добие атрактивна понуда од клуб кој е над нивото на РБ Лајпциг.
<span>Можеби ќе ве интересира</span>
Сепак, многу работи ќе зависат од тоа дали „биковите“ ќе обезбедат настап во Лигата на шампиони, и какви понуди ќе пристигнат.
„Биковите“ во јануари реализираа историски трансфер откако решија да инвестираат 50+ милиони евра за во целост да го купат Чави Симонс од ПСЖ.
РБ Лајциг поставил цена од 80 милиони евра, и ќе се бара купец за услугите на офанзивниот фудбалер.
Но како што пренесува Скај Германија, Холанѓанецот нема долгорочна иднина во РБ Лајпциг и веќе летоска ќе биде продаден.