
Подолу е целосната објава на Висар Гани.
„Фактите зборуваат сами за себе! Ја прашуваме ДУИ зошто молчи за систематската дискриминација на Чаир од страна на нивниот градоначалник на Град Скопје? Зошто не го креваат гласот за недостигот на капитални инвестиции, туку се обидуваат да го оттргнат јавното мислење со неосновани обвинувања Општина Чаир, согласно Законот за локална самоуправа, ги реализира буџетските расходи врз основа на годишните програми, предложени од соодветните сектори и одобрени од Советот на општината. Понатаму, годишните извештаи за спроведувањето на овие програми се одобрени од Советот, со што се гарантира целосна транспарентност за тоа како и каде се трошат јавните средства“, напиша Ганиу.