Клубот Арда потоа објави официјално извинување до Петко Ганчев и неговото семејство.
Станува збор за поранешниот фудбалер Петко Ганчев, за кој во клубот добиле погрешна информација дека починал. Самиот Ганчев по случката разговараше со медиумите и објасни.
Неверојатна ситуација се случи во бугарското првенство каде што тимот на Арда пред дуелот со Левски му оддаде минута молк на жив човек.
„Доцнев враќајќи се дома каде што беше договорено да го гледаме натпреварот. Додека возев кон дома, телефонот почна да ѕвони упорно. Кога пристигнав ја видов сопругата во солзи која викаше дека на телевизија објавиле дека сум починал. Не разбирав што се случило, а потоа ми објаснија. Навистина е стресна ситуацијата кога ќе ве погребаат, а вие сте жив. Се случуваат вакви работи, не беше лесно. Можеби се појавиле гласини, ама таква вест треба да се провери пред да ја објавиш. Ми се јавија многу луѓе, за среќа ситуацијата добро заврши. Кога слушнав што се случило си ставив една чашка ракија“, изјави Ганчев.