
Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола соопшти дека Ерлинг Халанд ќе паузира помеѓу пет и седум недели и практично сезоната за напаѓачот е завршена.
Со ваква прогноза, сезоната за Норвежанецот практично е завршена, тој ќе се врати на терените дури за новото Светско клупско првенство.
„Докторите ме известија дека ќе паузира помеѓу пет и седум недели“ – рече Пеп Гвардиола на денешната средба со новинарите.
<span>Можеби ќе ве интересира</span>
„Немам друг фудбалер со неговите вештини и квалитет, па ќе мора да се адаптираме на следните натпревари“ – заврши тренерот на Манчестер Сити.