Публиката ќе има исклучителна можност да ужива во репертоар составен од безвременски македонски и светски хитови и поп-евергрини, кои ќе бидат изведени во нови, специјално адаптирани аранжмани за биг-бенд состав. Под диригентската палка на реномираниот Џијан Емин, Националниот џез оркестар ќе го претстави својот врвен музички капацитет, спојувајќи ја класиката со современиот џез израз.Како вокални солисти на концертот ќе настапат истакнатите музички уметници: Андријана Јаневска, Светлана Јовановска, Дејан Бобиќ и Калина Велковска. Тие, заедно со инструменталистите од биг-бендот, ќе создадат незаборавна вечер под отворено небо, полна со емоција, уметност и врвна музичка изведба.Со свечен концерт на Националниот џез оркестар, на 11 април (петок) со почеток во 19:30 часот на Градскиот плоштад, официјално ќе биде отворена манифестацијата „Гевгелија – Град на културата за 2025 година“. Овој настан ќе означи старт на богата и разновидна програма што ќе ја прослави Гевгелија како културен центар на Македонија во текот на целата година.

Сите љубители на добрата музика и култура се поканети да бидат дел од овој спектакл и да ја започнат културната 2025 година на најдобар можен начин.Настанот е во организација на Општина Гевгелија и Министерството за култура, а најавува година исполнета со културни случувања, концерти, изложби, театарски претстави и креативни проекти, кои ќе ја позиционираат Гевгелија како вистински културен епицентар на земјата.