
Милан ја совлада Верона со минимални 1-0, во дуелот кој важи за 25-та недела од Серија А.
Победничкиот гол за тимот на Серхио Консеисао го постигна Мексиканецот Хименез во 75. минута. По асистенцијата на Леао, напаѓачот не прости со празна мрежа.
Ова беше втор гол за Хименез во дресот на Милан, додека за Росонерите ова беше 11-та победа во 24 недели.
Следниот натпревар Милан го игра на гости кај Торино.