
Но како што открива Марко Гида, тој и неговиот колега Фабио Мареска побарале да не судат натпревари на Наполи.
На пример, судиите кои доаѓаат од регионот на Ломбардија можат да делат правда на натпревари на Милан и Интер, или пак оние кои доаѓаат од реонот Кампанија, можат да судат натпревари на Наполи.
Судијата Марко Гида откри дека тој и неговиот колега Фабио Мареска побарале да не судат натпревари на Наполи, стравуваат за својата и безбедноста на нивите семејства поради тоа што живеат во околината на Неапол.
„Видете, јас и Мареска можеме без проблем да бидеме судии на натпревари на Наполи, но решивме да не го правиме ова бидејќи фудбалот таму се доживува на еден поинаков начин. Едноставно сметаме дека ова е најсоодветно, дури и без територијалните граници“ – вели Марко Гида.
„Италијанската асоцијација на фудбалски судии ни дава слобода да му судиме на било кој тим, во било кое време. Па јас сакам само да бидам транспарентен, немам никаква скриена агенда“.
„Живеам во околината на Неапол, имам три деца и мојата сопруга води сопствен бизнис. Секое утро ги носам децата на училиште и сакам тоа да го правам мирно“.
<span>Можеби ќе ве интересира</span>
Италијанската асоцијација на фудбалски судии неодамна реши да ги укине територијалните граници, па судиите можат да делат правда и на натпревари на клубови од нивните региони.
„Фудбалот тука се доживува со многу силни емоции. Кога ќе направам грешка, не е баш безбедно кога шетам по улица или кога одам до продавница. Помислата дека кога ќе направам грешка, како на пример да свирнам пенал, и потоа два дена да не можам да излезам од дома, ми нема никаква логика“.