
Двата натпревари се играат во 21:00 часот, а четвртфиналните возбудувања продолжуваат веќе утре со дуелите Барселона – Борусија Дортмунд и ПСЖ – Астон Вила.
Вистински европски класик ќе се одигра на „Алијанц Арената“. Баерн Минхен ќе го пречека Интер на домашен терен во тешка пресметка. Германија против Италија – две големи сили во европскиот фудбал. Баерн е фаворит на хартија, но Интер има потенцијал да ги изненади. Овие два тима низ историјата дури девет пати го креваа „долгоушкото“, па се игра меч на девет европски прваци кој најавува спектакл.
Лондон се подготвува за голем дуел, Арсенал ќе се обиде да го совлада шампионот Реал Мадрид, кој секогаш е опасен во ова натпреварување. Тимот на Микел Артета има млада и талентирана екипа, но ќе мора да се соочи со искуството и моќта на „Кралевите“. Реал Мадрид ќе сака да ја продолжи својата доминација, но Арсенал е полн со самодоверба и решен да турка далеку во Европа.
<span>Можеби ќе ве интересира</span>