
Владата сè уште нема конкретен план за тоа како ќе се бори против загадувањето на воздухот, додека од локалните компании се очекува да донираат опрема за прочистување на воздухот во вредност од еден милион евра. Оваа опрема денес и беше донирана на Владата од страна на една компанија од земјата која се занимава со уреди за прочистување на воздухот. Според Владата, овие уреди за филтрирање на воздухот ќе бидат распределени во градинки, училишта, болници и други јавни објекти, каде што квалитетот на воздухот е од особена важност.
За оваа донација од 255 системи за филтрација на воздух во вредност од еден милион евра пишуваше и премиерот Христијан Мицкоски.
„Оваа значајна донација на напредни прочистувачи ќе обезбеди воздух со највисоки медицински стандарди за најранливите категории: во градинките, училиштата, болниците и другите јавни институции каде квалитетот на воздухот е од клучно значење. Оваа иницијатива не само што ќе го подобри квалитетот на воздухот во јавните институции, туку ќе помогне и за создавање поздраво општество“, рече Мицкоски.
Но, за тоа кои училишта или градинки ќе бидат вклучени во оваа донација и кога ќе се дистрибуираат овие уреди за филтрирање на воздухот, од Владата за Алсат велат дека прво треба да се спроведе дополнителна проценка за да се утврди каде ќе бидат најпотребни. Последниот протест против аерозагадувањето во Скопје беше пред неколку месеци, каде што организаторите презентираа четири барања за борба против загадувањето на воздухот, вклучувајќи и континуиран јавен мониторинг на индустриските капацитети за да се обезбеди транспарентност за оние што го загадуваат воздухот.
Авни Тахири
Прикажи повеќе