Истражувањето на јавното мислење за Детектор го спроведе ИПИС со телефонска анкета спроведена од 1 до 4 март оваа година на репрезентативен примерок од 1050 испитаници од целата држава.
Според него, 28,9% од граѓаните сметаат дека некој друг е одговорен за конфликтот во Украина, 15,9% вината ја гледаат во Русија, 16,3% во Украина додека 21,5% во двете земји.
65% од граѓаните сметаат дека во досегашниот тек на војната Македонија доволно и помогнала на Украина додека 10,5% сметаат дека сме можеле и повеќе.
Споредбата со ланската анкета покажува дека за 10 поени се зголемил бројот на граѓани кои денеска сметаат дека доволно сме и помогнале на Украина са сметка на падот од 5 поени кај оние кои сметале дека сме можеле и повеќе.
Во однос на крајот на војната со иницијативата на американскиот претседател Трамп, граѓаните се оптимисти. 63,6% сметаат дека војната со помош на Трамп би можела да заврши во следните неколку месеци за разлика од 18,5% кои не го очекуваат тоа.
Мнозинството граѓаните сметаат дека некој друг е одговорен за војната во Украина повеќе отколку самите Русија и Украина, покажува последното истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.
Според граѓаните многу поголема штета од санкциите кои и беа воведувани на Русија претрпе Европа отколку самата Русија.
Споредбата со анкетата од 2023 година од истиот институт, покажува дека значително се намалил бројот на граѓани кои сметале дека победува Украина а уште повеќе се зголемил бројот на луѓе кои се убедени дека во досегашниот тек на војната победува Русија.
Само 5,5% сметаат дека воведените санкции и прават повеќе штета на Русија додека 36,7% се убедни дека повеќе од штета трпи Европа. Сепак, мнозинството или 39,9% сметаат дека и двете страни трпат штети.
Ова прашање го имавме и во анкетата пред 2 години и тогаш, значително поголем број граѓани сметаа дека Русија е виновна. Најголема е промената кај оние кои гледаат вина во Украина. Ако во 2023 година имаше само 5,9% кои вината ја лоцираа во Украина сега тој процент скокнал на 16,3% што е повеќе од 2,5 пати.
Според огромно мнозинство граѓани, 47,3% во досегашниот тек на војната не победува никој. 28,1% сметаат дека победува Русија а само 4,2% Украина.