
Според најавите Мундијалот ќе се одржи во пет града: Ријад, Џеда, Абха, Неом и Ал Кобар, на 15 стадиони.
Светското првенство во 2034 година ќе се одржи во Саудиска Арабија, а таму слично како и во Катар ќе важат посебни мерки.
Тоа што се најавуваше, сега доби и потврда. На Мундијалот ќе биде забранета продажба на алкохол на стадионите. За разлика од Катар каде што се служеше алокохол во одредени фан-зони, во Саудиска Арабија ќе го нема ниту тоа. Така, навивачите останаа без основниот „извор на забава“ на фудбалските натпревари – пивото.
„Тука апсолутно нема да има алкохол. Ние сме 100% сува земја, што се однесува до климата и алкохолот. Не дозволуваме конзумација на такви напитоци, ама ве уверувам дека можете да се забавувате и без тоа. Алкохолот навистина не е неопходен. Ако сакате да пиете, слободни сте да го направите тоа кога ќе ја напуштите Саудиска Арабија“, прокоментира политичарот Халид Бин Бандар Ал Сауд.